КСС бара функционирање на ЕСС и намалување на работното време

0

На  прес – конференција одржана на ден 07.09.2017 година Конфдерацијата на слободни синдикати на Македонија ги истакна своите барања. Исто така КСС повтрно реагира на денешната закажана седница на ЕСС, на која Министерот за труд и социјална политика, повторно прави обезвреднување, без двоумење од ЕСС прави “приватен дебатен клуб“ без легитимитет и покрај реакциите од КСС.

КСС повторно ги истакна своите барања со кои согласно покачувањето на минималната плата, која ја прифаќа, бара да се одржи распонот на плата на работниците во јавниот сектор, од причина што се случува порамнување на најниските позиции на носителите на дејноста, како и суспендирање на колективните договори затоа што основниот коефициент ќе биде под износот на минималната плата. Имено КСС бара 19% зголемување на платите во јавниот сектор во согласност со Законот за работни односи како и конвенциите на Меѓународната организација на трудот ратификувани во Собранието на Р.Македонија.

Денешната прес – конференција е свикана во една апсурдна состојба каде КСС јавно реагира на воведувањето на двосменско работење на јавната администрација, со што секако треба да се подобрат услугите за граѓаните, но истото се спроведува без соодветни анализи и не се зема предвид структуралната поставеност на вработените во јавниот сектор.

Недостигот на вработени во одредни институции и воведувањето на двосменско работење доведува до дополнителни обврски на вработените, а за истите треба да се исплаќа надоместок на плата за работење во смени, согласно Законот за работни односи, но истиот не е предвиден.

Со ваквото избрзано решение се прави голема дупка во јавниот сектор со дополнителни задачи на одредни вработени  поради работењето во две смени и секако сабота со што се нарушува балансот на работата и приватниот живот, традиционалните семејни обврски и затоа КСС покренува иницијатива пред другите социјални партнери во државата, согласно нашите анализи и искуство во земјите членки од ЕУ, каде е докажано дека намалувањето на работното време донесува поголема продуктивност на работниците и бара правење на опстојна анализа за намалување на работното време на 35 часа неделно, односно 7 часа работно време дневно.

Сето ова е невозможно да се спроведе од причина што репрезентативните синдикати не можат да побараат подобри, одржливи и рационални услови за вработените од причина што се замолчуваат со правење циркус од Економско – социјалниот совет, па затоа КСС:

  1. Ги известува сите пратеници во Собранието на Р.Македонија дека стануваат соучесници на кршењето на Законите доколку решаваат по точки од економско социјалната сфера, како што е Законот за минимална плата затоа што истиот е грубо прекршен уште при носење заклучоци од ЕСС, кој работел без кворум.
  2. КСС ќе поднесе преиспитување на исправноста на предлог законите од економско социјланиот дел пред Законодавна – правна комисија на Собранието на Р.Македонија.
  3. КСС ветува дека ќе истрае во своите барања и доколку е потребно ќе реагира и пожестоко согласно Законите и Уставот на Р.Македонија и ќе преземе радикални синдикални мерки кои можат да прераснат и во масовни протести.
Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk