КСС бара покачување на платите согласно покачувањето на минималната плата преку почитување на социјалниот дијалог

0

Денес на прес-конференција наменета за информирање на пошироката јавност,  Конфедерацијата на слободни синдикати ги истакна моменталните состојби за нефункционирањето на социјалниот дијалог на највисоко ниво.

Имено КСС во неколку наврати реагираше за кршење на Законот за работни односи, Спогодбата за основање на Економско-социјалниот совет и меѓународните конвенции предизвикани од самоволието на Министерот за труд и социјална политика кој е воедно и Претседател на Економско-социјалниот совет. На седниците на ЕСС беа усвојувани клучни прашања од работничката сфера од страна на нерепрезентативни и нелегитимни организации, додека мислењата од легитимните социјални партнери не беа воопшто слушнати ни уважени, како што е случајот со Законот за минималната плата. КСС дава целосна поддршка за покачување на минималната плата, но не може да го премолчи фактот дека законот се носи со целосно прекршување на процедурата според која ЕСС треба да даде свои мислења за потоа тој да премине во Владина и Собраниска процедура.

Игнорирајќи ги социјалните партнери, Министерката за труд и социјална политика достави мислења од ЕСС за покачување на минималната плата без мислење од КСС и без заеднички и валидни анализи.

КСС бара покачување на платите согласно покачувањето на минималната плата за да се задржи распонот на сите категории на јавни службеници и да не дојде до порамнување на платите на техничко- помошниот персонал со најниските позиции на носителите на дејност во јавниот сектор чиј што основен коефициент за пресметка на плата ќе биде под износот на минималната плата.

КСС бара итно свикување на ЕСС во легитимниот состав со репрезентативните социјални партнери од кои сме сигурни дека ќе го прифатат нашиот предлог, согласно сите Закони и Уставот на Република Македонија  и предупредува дека доколку се продолжи на истиот начин ќе се преземат сите синдикални радикални мерки.

bty    bty

 

 

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk