КСС бара зголемување на породилното отсуство

0

12.09.2017, Скопје

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија одржа прес – конференција на која беа истакнати барањата за унапредување на работничките правата и станадардот на работниците.

Поради нефункционирањето на Економско – социјалниот совет и неможноста за искажување на своите ставови и барања, Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, Благоја Ралповски, повторно истакна дека КСС бара покачување на платите во јавниот сектор од 19% согласно покачувањето на минималната плата заради задржување на распонот на платите на работниците во јавниот сектор, од причина што се случува порамнување на најниските позиции на носителите на дејноста, како и суспендирање на колективните договори затоа што основниот коефициент ќе биде под износот на минималната плата.

Беше истакнат и предлогот на КСС пред другите социјални партнери за опстојна анализа за намалување на работното време на 7 часа дневно за оние работници на кои сега работното време им е 8 часа дневно поради воведувањето на двосменско работење и работа во сабота, за одржување на балансот помеѓу работата и приватниот живот.

На денешната прес – конференција, КСС пред пошироката јавност истакна уште едно од своите барања со кое го поддржува мајчинството и бара да се продолжи породилното отсуство, согласно препораките на Светската здравствена организација кои гласат дека детето треба да биде доено најмалку 12 месеци, а со што се намалува ризикот од рак на дојка за 50%, кој сега е значително распространет.

КСС бара најмалку 12 месеци платено породилно отсуство, со што секако ќе ги следи препораките од Светската здравствена организација и праксата на земјите членки од Европската Унија почнувајќи од нашето соседство.

КСС уште еднаш предупредува дека Извршниот одбор на КСС даде налог за свикување на Конференцијата која е највисоко тело меѓу два Конгреса со единствена точка на дневен ред,  „состојбите на социјалниот дијалог на највисоко ниво во Р.Македонија„ како и преземање понатамошни чекори за излегување од ваквата состојба, а тоа секако може да прерасне и во масовни протести.

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk