Конференција на тема: Индустриските односи во Европа: Поттикнување на еднаквоста при работа и конвергенцијата во најразлични земји

0

На 17 и 18 мај 2018 година во Париз, Франција се одржа Конференција организирана од страна на Меѓународната канцеларија на трудот во соработка со  Европската Комсија на тема : “Индустриски односи во Европа: Поттикнување на еднаквоста при работа и конвергенцијаta во најразлични земји ” чиј домаќин беше Министерството за труд и социјална политика на Франција.

Политичките дебати се организираа на тркалезна маса помеѓу претставниците на Министерствата за трудот, претставници на работодавачите, Европските социјални партнери, претставници од Европските и Меѓународните  синдикати, претставници од Европската комисија и Меѓундароната организација на трудот.

Целта на оваа конференција беше да се идентификуваат механизмите / системите за индустриските односи кои придонесуваат за еднаквост при работа (во областите како што се платите, работното време, нивото и квалитетот на вработувањето), како и да се зголеми прекуграничната конвергенција во Европа  (како БДП по глава на жител, стапка на вработеност итн.) и социјалните показатели (како што се намалување на сиромаштијата, социјална заштита итн.).

Клучната цел на Конференцијата беше да се даде одговор на голем број прашања како:
• Кои се главните трендови во ЕУ во однос на економската и социјалната конвергенција?
• Какви мерки за политиката, институциите и соучесниците играат улога во решавањето на овој процес?
• Кој е придонесот на социјалниот дијалог за справување со идните промени во светот на трудот, ограничувајќи ги нееднаквостите и промовирањето на конвергенцијата во нагорна линија?

33302995_10215816629829571_354372249739853824_n

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk