Конфедерација на слободни синдикати на Македонија повторно ги ПОВИКУВА сите работници за примена на мерките за заштита на работно место во време на пандемија

0

ЗОШТО СМЕТАМЕ ДЕКА Е ОВА ВАЖНО?

Пред се, доколку е загрозено здравјето на работникот, загрозено е и работното место а со тоа и целата компанија. Свесни сме дека се наоѓаме во неизвесен и кризен период каде работникот е изложен на можна инфекција од Ковид-19 а со тоа и ширење кон останатите колеги. Затоа повторно апелираме за зголемување на СВЕСТА кај секој работник дека навистина неговото здравје е ВАЖНО, како за себе и  своето семејство, така и за сите колеги и целото општество.

Оваа пандемија покажа колку е изложен на удар системот на безбедност и здравје при работа и колку лесно и брзо може да се шири вирусот преку работните места.

Во продолжение на овој апел сакаме да ве потсетиме на основните мерки кои веќе се објавени во јавноста:

  • Мијте ги рацете често, користејќи сапун и вода, подолго од 1 минута, внимавајќи да ги опфатите сите делови од дланката и прстите;
  • Внимавајте да воспоставите физичка дистанца од 2 метри;
  • Избегнувајте близок контакт со болни лица или лица кои се вратиле од патување од земја со висок или среден ризик;
  • Користете средства за дезинфекција или алкохолни марамчиња;
  • При кашлање или кивање покријте ги носот и устата со марамче за еднократна употреба и веднаш потоа фрлете го на безбедно место. Доколку немате марамче, покријте ги носот и устата со рака свиткана во лактот.

Би сакале да потенцираме дека не секаде уредно се применуваат мерките за заштита од зараза и токму поради тоа последните резултати од тестирањата на вирусот Ковид-19 се покажаа голем број лица  позитивни на истиот вирус. Сведоци сме дека овој вирус зема голем замав на светско ниво и затоа потребна е заедничка одговорност и спроведување на мерките за заштита од заразни болести потенцирајќи дека СИЛАТА е во заедничкото дејствување со цел прекинување на ширењето на овој разорен вирус.

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk