Колективни договори – клуч за успешен систем на безбедност и здравје при работа

0

Денес на 11.06.2019 се одржа панел дискусија на тема „Колективни договори – клуч за успешен систем на безбедност и здравје при работа“ во организација на Асоцијацијата за правно – економски истражувања и едукација „Јуридика“.

Панелисти на дебатата беа: Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, Благоја Ралповски, Иван Пешевски, од синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање – СГИП, Горан Нешевски, претставник од Министерството за труд и социјална политика и професорот Лазар Јовевски од Правниот факултет.

На националната работилницата се разгледа прашањето за улогата на колективните договори во рамките на уредување на безбедноста и здравјето при работа во македонскиот трудово – правен систем, како и за тоа дали во нашата земја се разбираат можностите и кое е значењето на колективните договори и што треба да се направи за да се подобри употребата на колективното договарање и договори при уредувањето на системот на БЗР во земјата.

Благоја Ралповски, Претседателот на КСС, најпрво истакна дека навистина е мал бројот на склучени колективни договори во Македонија во последниот период , а дека за нивно склучување потребна е волја од двете страни. Истакна дека колективните договори содржат многу малку одредби за безбедноста и здравјето при работа, а оние постоечките само се пресликуват од законот за безбедност и здравје при работа. Упати критика дека стандардите за безбедност и здравје при работа најпрво како пример треба да ги почитува државата и треба да упати пример на приватниците, а исто така и до инспекциските служби кои треба да бидат на терен. Осврт на темата дадоа и останатите панелисти кои исто така посочија дека е мал бројот на потпипшани колективни договори, а дека прашањата за безбедност и здравје при работа не се соодветно третирани. Исто така беше посочено дека Законот за безбедност и здравје при работа на хартија изгледа соодветно и речиси без забелешка, но дека треба најпрво да се анализираат потребите на работниците, а потоа да се прават одредби на хартија согласно нивните потреби, а колективните договори да се разберат како моќна алатка за унапредување на безбедноста и здравјето при работа затоа што најважно од се е работникот да биде безбеден на своето работно место и да се врати дома кај своето семејство здрав.

Проектот „Колективни договори – клуч за успешен систем на безбедност и здравје при работа“ е финансиран од Европска Унија, и поддржан од Македонско здружение за заштита при работа – МЗЗПР.

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk