Промоција на кампањата на КСС “Пристојна плата за пристоен живот” во Штип

0

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија денес во посета на Штип, ја продолжи кампањата насловена “Пристојна плата за пристоен живот”. Во рамките на кампањата беше поставен информативен и едукативен штанд, а се делеа и инфо материјали за барањата со кои КСС истапи со цел подобрување на платите и условите за работа во јавниот сектор.

Под мотото “Протестирам да не бидам дискриминиран – барам да се почитува моето право” уште еднаш побаравме да се запре со потценување и поигрување на вработените во јавниот сектор. Потсетуваме уште еднаш за барањата кои ги поставивме во склоп на оваа кампања:

Пристојна плата, за пристоен живот

Усогласеност на платата со минималната плата

Исплата на К-15 во јавниот сектор

Работа без притисок и мобинг

Сигурност на работното место

Почитување на законите и колективните договори

Почитување на социјалниот дијалог и парнерство

КСС ќе продолжи со кампањата и ќе продолжи со изнесување на барањата и во останати градови на Р. Македонија.

35427429_10216001359127688_6263516477530308608_n

35402038_10216001358967684_2796563179063214080_n

 

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk