И синдикатите рекетирани?

0

На денешната прес – конференција на Самостојниот синдикат на работниците од  енергетика, рударство и индустрија – ССЕРИ при Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија беа изнесени докази за незаконски упад во синдикатот, како и злоупотребата и нелегалното стопирање на паричните средства во негова сопственост, од чланарини, позајмици, роба на рати кон трети лица за која синдикатот гарантира.

Имено, обвинија дека насилно е преземено членството и префрлено во мултиетничкиот синдикат за образованиe МЕСО при Сојузот на сндикати на Македонија и бесправно се стопирани средствата на синдикатот, за што сега имаат извршни пресуди за 8.500.000 денари (140.000 евра) и првостепени пресуди за преку 20.000.000 денари, со што сумата може да достигне и до 30.000.000 денари (околу 500.000 евра).

Синдикатот овие дејствија ги пријавувал, но институциите молчеле или пак постапувале незаконски, како што е Државниот трудов инспекторат.

Со ова се направила штета на народни пари кои отишле на други сметки,  за кои синдикатот достави докази.

Во колективниот договор, којшто го има потпишано ССЕРИ стои дека превентивните одмори ги организира синдикатот, но раководството на АД ЕЛЕМ продолжи со раскрчмување на народните пари организирајќи престои за многу поголема цена во други хотели, а нашите хотели, Попова Шапка, Славија и Молика, управувани од ЕЛЕМ Турс се затвораат и се даваат на продажба.

Потсетија дека новоформираниот синдикат е маша за сите овие дејствија на раскрчмување на имотот и сервисирање на останати потреби на поединци.

Ги запрашаа и повикаа  надлежните институции дали ќе преземат нешто за ова кривично дело или ќе продолжат да молчат како многу пати претходно, кога синдикат реагирал до нив за да преземат соодветни мерки за да се запре оваа неправда која му се нанесува на нашиот синдикат.

Повеќе од сигурно е дека има злоупотреба, но кој, зашто и кога не постапил за сериозна злоупотреба за повеќе од 500.000 евра и нарушување на имиџот на држвата треба да одговори раководството на АД ЕСМ.

Некој нека постави прашање до Ковачевски  дали е вистина дека се извршени 140.000 евра народни пари од РЕК Битола за период кога тој бил директор на РЕК Битола.

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk