И по многуте реакции од меѓународните организации никако да се слушнат барањата на синдикатот КСС ќе излезе на јавен протест

0

Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC) чиј полноправен член е Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС), реагираше до Претседателот на Владата на Р. Македонија, г-динот  Зоран Заев и Министерката за труд и социјална политика, г-ѓата Мила Царовска, во кое ја искажаа својата загриженост за непостоењето на социјалниот трипартитен дијалог во државата и нефункционирањето на Екомонско Социјалниот Совет. Тие реагираат на кршењето на меѓународните документи и конвенции за заштита на синдикалните претставници. Апелираат да престанат сите притисоци врз синдикалното движење во Р. Македонија.

Во реакцијата се наведува дека ITUC ќе реагира и до Меѓународната Организација на Трудот како и до Европската Унија доколку работите не се сменат во периодот кој следува.

Во меѓувреме по отказот на Претседателот на КСС, Благоја Ралповски од неговото работно место како административен службеник во Агенцијата за катастар на недвижности, по спречувањето на регуларни синдикални избори во Синдикалната организација на АД ЕЛЕМ, масовно НЕ се продолжуваат и работните договори  на вработените во детските градинки, основните и средни училишта, од страна на директорите на установите,  по налог на повисоките органи на локалната и централната власт, на што СОНК,  грански синдикат при КСС, остро реагираше.

Потсетуваме дека Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, со своите грански синдикати, минатата недела донесе одлука за одржување на Јавен протест кој ќе се одржи на 17.01.2018 година во 5 до 12 часот пред Владата на Р.Македонија. Причини за одржување на јавниот протест се барањата за повисоки плати, усогласување на платите во јавниот сектор согласно зголемувањето на минималната плата, да престанат притисоците на синдикалните претставници, отпочнување преговори за измена на Општиот колективен договор за јавниот сектор.

Барањата официјално се доставени до Претседателот на Владата на Р. Македонија, г-динот  Зоран Заев и побарана е официјална работна средба за изнаоѓање на заеднички решенија.  Досега во медиумите се огласи само Министерката за труд и социјална политика, г-ѓата Мила Царовска, но покана за официјална средба сеуште немаме добиено.

ЛИНК до Писмото од ITUC

ЛИНК до Превод од Писмото од ITUC

 

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk