Изјава на Европската конфедерација на синдикати (ЕТУК) за недобивањето датум за преговори

0

syndicat-european-trade-union

” Жалиме за одлуката на Европскиот совет за неотпочнување на  преговорите за пристапување во ЕУ на Македонија и Албанија и ја изразуваме нашата солидарност со работниците и нивните синдикати во овие земји. Тие се соочуваат со огромни предизвици на дефицит на пристојни работни места, непочитување на законите, ниски плати, високо ниво на неформална работа, како и систематска повреда на основните права и слободи на работниците, и на кои им треба јасна Европска перспектива со цел истите да ги исполнат.

Отворањето на преговорите можеше да ги натера овие земји да ги исполнат предизвиците, како и да ја реафирмираат непобитната улога на социјалните партнери во градењето одржливи, инклузивни и демократски општества.

Ги повикуваме лидерите на Северна Македонија и Албанија да ги почитуваат основните права на работниците во согласност со нивните меѓународни обврски, да обезбедат владеење на правото и да го промовираат Европскиот Социјален Модел.

Ги повикуваме и лидерите на Европската унија да започнат преговори за членство, но исто така и да се осигурааат дека правата на работниците се соодветно третирани и дека синдикатите се составен дел од тој процес.

Ја повикуваме новата Европската комисија да претстави нов модел на политиката на проширување на ЕУ, со поголемо внимание на социјалните права и заштита и со обезбедување целосна вклученост на синдикатите преку социјален дијалог како на европско ниво, така и на национално ниво.”

https://www.etuc.org/en/document/statement-albania-and-north-macedonia-accession-eu

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk