Извештај на ETUC за синдикалните права и COVID -19

0

Европската конфедерација на синдикати постојано известува за работничките права за време на пандемијата со корона вирусот.  Веќе имаме споменато за првичната анкета која ја направи ETUC во однос на поединечните мерки кои се преземаат за справување со пандемијата за земјите одделно.

Овој пат го споделуваме целосниот извештај кој нуди преглед на основните принципи во склад со светската и европската судска пракса за предметите поврзани со човековите права кои мора да се почитуваат во време на криза кога владите преземаат итни мерки за справување со истата.

Овој извештај го следи развојот на состојбата и постојаните промени со корона вирусот и претрпува измени секој пат кога ќе бидат применети нови мерки или ќе се добијат нови информации во врска со справување со вирусот. Извештајот е изготвен на 17 април 2020 год со последно надополнување на 07 мај 2020 год.

Во продолжение на овој текст во целост го проследуваме извештајот.

Извештај за почитување на работничките права 

Извештај за почитување на работничките права- англиска верзија

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk