За нас

ЛИЧЕН ПРОФИЛ НА КСС

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) е доброволна синдикална организација во која се здружени синдикати од јавниот и приватниот сектор во Република Македонија, кои притоа формираат две федерации: Федерација за јавен сектор и Федерација за приватен сектор.

КСС е основана на 28 декември 2005 година, како резултат на едно слободно, демократско и независно синдикално движење со основна цел да се стави крајна квази – синдикализмот и да се врати надежта и вербата кај работниците во просперитетот и да се врати почитта кон трудот. Основачи на КСС се Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на РМ, Самостојниот синдикат на вработените во одбраната, Федерацијата за транспорт и врски и Синдикатот на финансиските организации на Македонија.

КСС е самостојна организација, независна од власта, политичките партии, работодавачите и други организации и интересни групи.

Основни цели на КСС се: економска и социјална сигурност на работниците,заштита и унапредување на работничките права, пристоен животен стандард, навремени и достоинствени плати и пензии, гарантирање на минималната плата, поздрави и побезбедни работни места, здравствена заштита за сите граѓани, развој на демократијата, социјалната правда и солидарност.

Основни методи за остварување на целите се: поттикнување и развивање на конструктивни односи помеѓу социјалните партнери, развивање на социјалниот дијалог и социјалното партнерство, поттикнување и унапредување на колективното договарање на сите нивоа, учество во одлучувањето воинституциите на системот, покренување на иницијативи за донесување назакони и за ратификација и имплементација на конвенциите на МОТ, афирмација на синдикалната политика и активност преку информативно – пропагандна дејност, но како крајно средство и користење на правото на индустриски акции (протести и штрајкови).

Во КСС се здружени 11 грански синдикати, и тоа:
– Самостоен Синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија (СОНК);
– Самостоен Синдикат на работниците во енергетика, рударство ииндустрија (ССЕРИ);
– Синдикат на станбено-деловни, комунални организации на Република Македонија (ССКО);
– Синдикат за транспорт и врски (СТВ);
– Синдикат на администрација и државната управа на Македонија(САДУ);
– Синдикат на поштенско-телекомуникациските оператори на Македонија (СПТОМ);
– Независен синдикат на одбраната (НСО);
– Независен синдикат на пожарникарите на Македонија (НСПМ);
– Земјоделски Синдикат (ЗС);
– Синдикат за угостителство и туризам (СУТ);
– Синдикат за здравство и фармација (СЗФ).

Денес, КСС е репрезентативна синдикална организација на национално ниво ипо тој основ има свои претставници и учествува во работата на Економско-социјалниот совет на РМ (ЕСС).

КСС е репрезентативна синдикална организација и за јавниот сектор во РМ и по тој основ е потписник на Општиот колективен договор за јавниот сектор во Р.Македонија.

Copyright kss.mk