Експерт истражувач и консултант

0

Конфедерација на слободни синдикати на Македонија во рамките на проектот ,,Привлекување на нови членови и нетипични вработувањаобјавува оглас за ангажирање на еден експерт истражувач и консултант за спроведување на активности во рамки на проектот.

Времетраење на ангажманот: 23.06.2020 до 17.05.2021

Опис на задачата:

Работи на лоцирање и мапирање на работници кои не се опфатени во синдикално организирање

Спроведува анкети за мерење на јавното мислење во однос на потребата од членување во синдикат и синдикално организирање

Креира профили на вработени кои не се синдикално организирани, го истражува секторот во кој работат, со цел изработка на профили на работници кои можат да бидат синдикално организирани

Работи на истражување насочено кон таргетираните работници од граѓанските организации преку анкети спроведени преку е-меил

Работи на истражување насочено на таргетираните работници, преку спроведување на интервјуа со вработени од 6 граѓански организации за проблемите со кои се соочуваат и процена на потребите

Учествува во креирање на стратегија за привлекување на членови

Координирање на сите релевантни засегнати страни и експертиза во однос на прибирање на релевантните теренски податоци

Кандидатот треба да ги исполни следните услови:

– Искуство во истражувачка работа во проекти

– Универзитетска диплома во полето на политички науки, социологија, комуникации, новинарство, право или економија;

– Докажани вештини за испорака на услуги во даден рок;

– Сеопфатно познавање  и разбирање на организацијата на синдикатите;

– Возачка дозвола Б категорија;

– Комуникативност и позитивен пристап во работата;

Сите заинтересирани кандидати да испратат CV најдоцна до 21.06.2020 на адреса ул.50-та Дивизија бр.25, Скопје.

Со финансиска поддршка од проектот Зајканување на социјалниот дијалог, кој го спроведува Меѓународната организација на трудот, а е финансиран од Европската Унија.

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk