Денес одржан вебинар „Анализа на состојбата и справувањето со пандемијата со Ковид 19 во Р. С.Македонија од здравствен аспект“

0

Денеска се одржа вебинар на кој се анализираа здравствените аспекти на вирусот Ковид-19, кој беше организиран од страна на Конфедерацијата на слободни синдикати – КСС, заедно со Самостојниот синдикат на Клинички центар и Македонското Здружение за заштита при работа.

На вебинарот свое излагање имаше д-р Горан Беговиќ, претседател на Синдикатот на клинички центар кој зборуваше за здравствените аспекти на пандемијата, посочувајќи дека Синдикатот во неколку наврати упатил предлози до Министерството за здравство и Главниот кризен штаб.

На вебинарот своја презентација имаше и Милан Петковски, Претседател на МЗЗПР кој зборуваше за проценката на ризик на работните места, како и образложение на методолгијата за Ковид – возраст која МЗЗПР ја има изработено со доктори по медицина на трудот. Тој посочи дека пропуст е тоа што во Комисијата за заразни болести нема експерт за безбедност и здравје при работа кој со неговата стручност би креирал мерки за заштита на работниците.

Свое излагање имаше и Претседателот на КСС Благоја Ралповски кој даде осврат на случувањата со пандемијата и заразата на работниците и објасни која е целта на вебинарот.

На вебинарот учествуваа здравствени работници и претставници на синдикати.

Имено, овој вебинар е трет по ред и е поддржан од проектот на МОТ за „зајакнување на социјалниот дијалог“.

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk