1. Home
  2. Новости
  3. Декларација за четврта индустриска револуција-резултат од 8 Конгрес на Сојузот на самостојни синдикати на Хрватска

Декларација за четврта индустриска револуција-резултат од 8 Конгрес на Сојузот на самостојни синдикати на Хрватска

Декларација за четврта индустриска револуција-резултат од 8 Конгрес на Сојузот на самостојни синдикати на Хрватска
0
277 ПРЕГЛЕДИ

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија учествуваше на меѓународната конференција  и  осмиот Конгрес на Сојузот на самостојни синдикати на Хрватска кои се одржаа од 22-24. овој месец во Опатија, Хрватска.

Присутните, односно претставниците на синдикатите од регионот заклучија дека безразлика на степенот на развиеност на одделна земја, регионот се сооќува со исти проблеми и тоа: недоволно платена работна сила, недостаток на колективни договори, неплатена прекувремена работа, одлив на образована работна сила и несигурност за иднината предизвикана од примена на новата технологија, односно дигитализација и роботизација на работните места.

На Конгресот е донесена  Декларација за четврта индустриска револуција и работа по мерка на човекот, Декларација за развој на индустриските односи, Декларација за синдикална интеграција односно Декларација за положбата на младите на работното место и во синдикатот.

Младите како најранлива категорија во ерата на дигитализација и роботизација се најзагрозени во однос на правата од работен однос доколу е тој воспоставен во потрага по работа по мерка на човекот.

Работа по мерка на човекот значи добра плата која овозможува задоволување на егзистенцијалните, но и други човечки потреби на работникот и неговото семејство, сигурно работно место каде што се применуваат соодветни мерки за заштита при работа, како и обемот на работа што не го загрозува физичкото и менталното здравје, работно место кое му овозможува на работникот да продолжи со образованието и доусовршувањето, работа со договор на неопределено време освен ако друг облик не е по избор на работникот,

работна средина во која негува култура на фер третман и меѓусебно почитување, право на работниците да учествуваат во донесувањето одлуки кои влијаат на работната средина и работните процеси, а работодавачите ја почитуваат слободата на синдикалното организирање и го почитуваат правото на колективно преговарање и организацијата на работното време што му овозможува на  работникот време за приватниот живот и семејните  обврски.