1. Home
  2. Новости
  3. Движењата за социјална правда исто така со поддршка за престојниот протест на КСС

Движењата за социјална правда исто така со поддршка за престојниот протест на КСС

Движењата за социјална правда исто така со поддршка за престојниот протест на КСС
0
317 ПРЕГЛЕДИ

Движењето за социјална правда – ЛЕНКА преку свој фејсбук статус ја поддржи Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија за престојниот протест најавен за 08.06.2019 (сабота) во 16 часот.

Во нивниот фејсбук статус се вели: Секако дека во услови на (нео)либерализам социјалниот дијалог не е возможен, уште повеќе, тој е само маска за замајување на работничката класа од страна на властодржците. Во вакви околности, должност е на работниците да се обединат наспроти оваа класа на елитни политичари и да го побараат, не само она што е нивно туку и она што е добро за сите; за целокупната политичка заедница. Оттаму, овој најавен протест за работнички права, како што е и нотирано во самиот проглас: еднаквост, повикување на работничкото достоинство и солидраност; е никулец во работничката борба и подигнување на работничката (политичка) свест кај работникот.Поддршка за синдикатите и работниците во борбата за нивното место во општеството.

КСС ја цени нивната поддршка и смета дека само обединети можеме да се избориме за нашите работнички права.