Голема поддршка од гранскиот синдикат ССКО до Синдикат на полиција на Македонија

0

“Синдикатот на Станбено-деловните, локално-самоуправни, водостопански, хотелиерство и угостителство и радиодифузнни организации на РМ, како голем чин на синдикална сплотеност, солидарност  и единство во синдикалното движење во Република Македонија ја изразуваме нивната целосна безрезервна подршка на братскиот Синдикат на Полиција во Македонија во нивната праведна борба и заложба за зголемување и унапредување на работничките права на вработените во МВР”.

Од името на членството на Синдикатот на Станбено-деловните, локално-самоуправни, водостопански, хотелиерство и угостителство и радиодифузнни организации на РМ, испратена е силна поддршка во активностите што ги превзема Синдикатот на Полицијата во Македонија – СПМ.

Вие како една од членките на Конфедерацијата на Слободни Синдикати на Македонија ,имате отворена поддршка од сите нас, а особено поради оправданите барања коишто ги упатувате до Министерството за внатрешни работи. Неприфатливо за сите нас е непризнавањето на СПМ од страна на МВР, во однос на сопирање на синдикална членарина, како и пресметките со синдикалните претставници на СПМ. Ова го сметаме за грубо мешање и спречување на синдикално движење, организирање  и дејствување. Исто така, неприфатливо е за нас синдикалците, коишто се бориме за почитување и унапредување на правата на работниците, како “награда” за нашите активности да бидеме незаконски распоредувани и деградирани на работното место. Цврсто, сплотено и енергично стоиме зад одбрана на правата и интересите на сите работници во државата и гласно протестираме за секакво влијание и мешање на власта на сите нивоа, во синдикалното организирање, движење и дејствување. Полициските службеници, коишто се секогаш први во одбрана на мирот и стабилноста на нашата држава, треба да бидат и први на скалата за награда на вложениот труд.

Воедно гранскиот ССКО на РМ, кој го користи мотото: ,,само сплотени, здружени, единствени и никој не може да не победи,, така да правите,храбрите и вистинските синдикати можат и треба да претставуваат сериозен фактор во државата, коишто ќе бидат почитувани од страна на надлежните. Мислиме  дека во духот на вистински социјални партнери, по пат на социјален дијалог, ќе се изнајдат взаемно прифатливи решенија како за Синдикатот на Полицијата во Македонија така и за Министерството за внатртешни работи. Во спротивно, за очекување се и дополнителни активности и притисоци од страна на СПМ, кои ќе добијат силна поддршка од ССКО на РМ и од останатите гранските синдикати при КСС, како и ќе бидат известени и  меѓународните синдикални организации, каде што КСС е редовна членка со реномирано име.

 

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk