Втора синдикална школа на КСС на тема: Закон за работни односи и неговите измени и дополнувања

0

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија  организираше синдикална школа која започна вчера (15.11.2018), а ќе трае до утре (17.11.2018) во хотел Бисер- Струга.

Темата која се обработува на школата е многу важна и актуелна во последниот период , а се однесува на новиот Закон за работни односи и неговите измени и дополнувања.

Целта е да се информираат членовите за измените и дополнувањата на законот, а на крајот од оваа школа ќе се донесат заклучоци кои се однесуваат на измените на гореспоменатиот закон, поткрепени со случаи и ситуации кои се случуваат во пракса, а учесниците можат да ги потврдат.

На школата присуствуваат учесници од сите грански синдикати на КСС, а заинтересираноста беше голема поради актуелноста на темата.

46293303_276486423209338_4457378159993552896_n

Поради потребата од практични искуства за примена на Законот беа ангажирани професорот по трудово право д-р Лазар Јовевски и судија Хилда Мешкова кои имаат свои излагања во склоп на школата.

46416829_1577509099017258_4009535533423263744_n

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk