Без социјален дијалог влегуваме во социјална криза

0

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС  инспирирана  од последните случувања во државата чувствува потреба да ја извести јавноста и да побара поддршка за последните случувања во делот на здравствената криза поради случувањата со корона вирусот.  Како последица од сето тоа заразени се многу работници непочитувајќи и неприменувајќи ги насоките за заштитата при работа. Треба да ја имаме во предвид и моменталната социјална криза која е на прагот на нашата држава само поради тоа што немаме социјален дијолог  со кој ќе се направи превентива за спречување на вакви кризи.

КСС уште пред два и пол месеци со свое известување до јавноста и детални превентивни и социјални мерки изработени заедно со стручни лица правни експерти и доктори по медицина на трудот  од сферата на безбедност и здравје при работа; инженери за заштита при работа, релевантни и легитимни социјални партнери со капацитет и обуки за справување со вакви кризи кои што секојдневно добиваат информации од терен и Македонското здружение за заштита при работа, испрати релевантни мерки за заштита од корoна вирусот со детални препораки за заштита на работниците во затворен и отворен простор, со детален сет на мерки за заштита на населението и превенирање на социјалната криза кој допрва доаѓа.

Имено, заштитата на трудот вооопшто не беше приоритет на оваа влада, па така и сега илјадници работници останаа без работно место, илјадници се заразени на нивното работно место, но никој не чувствува вина ниту ја презема одговорноста, иако надлежните инстиуции беа навремено предупредени.

Неколку пати ве повикавме на солидарен фонд, но истиот го сфативте како фонд  за правење итни набавки за потрeбите за справување со здравствената криза, Ве повикавме за заштита на работникот без точен, прецизен договор за работа, за заштита на работниците во сивата економија, но очигледно дека или не не разбирате или пак воопшто не ви е грижа за нив. Во период кога сите мака мачиме да го преживееме месецот, тие работници од ден на ден, од месец во месец веќе немаат никаков излез, а како што гледаме повторно селективно се делат средства од државната каса, а најранливите остануваат како и секогаш заборавени. Со нивните маки и немаштија оставени сами на себе се снаоѓаат во ек на ваква пандемија.

КСС апелира, без никаков триумфализам, без поделба, во коресподенција со сите легитимни фактори,  да се помогне за сите заборавени, за сите беспомошни работници и семејства, а гледаме дека ги има многу. Во ситуација кога не демне ваква зараза тие немаат излез па ниту можност  да преживеат, сите сме едно, сите треба да си помогнеме, а најмногу најбеспомошните, да погледнете подалеку и да не правите поделба по никој основ. Никој не е виновен што се наоѓа во ваква состојба затоа што системот и институциите не се грижеле за нив во минатото. Сега треба да бидеме солидарни и да помогнеме на сите што останале без никаков приход и не можат да го преживеат месецот.

КСС предупреди на неколку пати дека оваа здравствена и економска криза ќе премине во социјална криза, верувајте дека дојдовме на прагот на социјална криза и доколку не успееме да ја менаџираме во духот на солидарноста истата многу лесно ќе прерасне во политичка и институционална криза.

Сега е потребно лидерство и ние еве сега и овде Ве предупредуваме, доколку не преземете соодветни  мерки за заштита на работниците, ние ќе бидеме лидерите во заштита на опстојувањето на нашите семејства со цел да опстанеме во ситуација кога нашиот и опстанокот на нашите најмили е доведен во прашање.

 

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk