Безбедност и здравје при работа во време на пандемија- Светски ден за БЗР

0

Денес се одбележува Светскиот ден на безбедност и здравје при работа. Оваа година се сеќаваме на денот од своите домови поради епидемијата од корона вирусот и во вакви услови сфаќаме дека здравјето и безбедноста на работното место е многу важна компонента на она што значи достоинствено работно место.

Со одбележувањето на 28 ми Април, Светскиот ден на безбедност и здравје при работа се вклучуваме во глобалната кампања со која бараме безбедно, здраво и достоинствено работно место кое ќе се обезбеди од страна на сите релевантни чинители.

logo

Секој ден, 6.300 луѓе умираат како резултат на професионални несреќи или болести поврзани со работата – повеќе од 2,3 милиони смртни случаи годишно на светско ниво, 317 милиони несреќи се случуваат на работа годишно и  многу од нив резултираат во зголемено отсуство од работа.

Правото за здравје и безбедност се универзални човекови и работнички права, тоа е потврдено и со објавените 187 Декларации и 198 Препораки од страна на Меѓународната организација на труд.

3 5

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија со своето делување се труди да обезбеди примена на сите стандарди утврдени од страна на Меѓународната организација на труд преку свои барања до релевантните институции, доставување на свои предлози и едукација на членството и стручните лица од областа.

Во време на светска пандемија Конфедерацијата заедно со други организации и здруженија достави платформа за справување со моменталната состојба со вирусот со намера штетите по работникот да се сведат на минимум. Во светот се случува масовно губење на работни места и влошување на социо-економскиот статус на вработените што е случај и во нашата земја. Човечката цена на оваа секојдневна неволја е огромен и економски товар на лошата практика на безбедност и здравје при работа.

Воедно сакаме да изразиме и благодарност до сите вработени кои во оваа тешка работна атмосфера се трудат да ја извршуваат својата работа професионално со моменталното сепак недоволно ниво на безбедност и здравје при работа.

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk