АПЕЛ ЗА МОБИЛИЗАЦИЈА НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ И СОЦИЈАЛНИТЕ РАБОТНИЦИ

0

Борба за здравството и социјалната грижа и после пандемијата

„ВНИМАВАЈТЕ НА НАС ЗА ДА МОЖЕМЕ ДА СЕ ГРИЖИМЕ ЗА ВАС“

Пандемијата предизвикана од КОВИД-19 сè уште е со нас и во многу земји низ Европа се зголемуваат бројките на новозаразени. Овој втор бран на инфекции повторно ќе направи голем притисок врз здравството.

Ние се мобилизираме за да се осигуриме дека се заштитени здравствените работници како и работниците кои се на критични и клучни позиции трудејќи се да го постават нашиот систем во здравството и социјална грижа на поцврсти темели одговарајќи соодветно на оваа или на некоја идна пандемија. Итно ни се потребни доволен и безбеден број на персонал како и пристојни плати за да им помогнеме на здравствените работници и социјалните услуги за да можат истите да обезбедат квалитетна грижа бидејќи грижата и здравјето секој ги заслужува.

  • Безбедност: За време на пандемијата, здравствените работници се соочија со огромен психофизички притисок и беа изложени на сериозни ризици по нивното здравје и безбедност. Ние се мобилизираме за да се осигураме дека е соодветна личната заштитна опрема, редовното тестирање и вакцинирањето се достапни на овие работници како во квантитет така и во квалитет со што ќе се гарантира безбедност, сега и во иднина. Од суштинско значење е да сме сигурни дека сите работници кои се на првите борбени линии во Европа примаат соодветен паричен надоместок за своите услуги во тек на пандемија. Оние кои се заразени исто така им е потребна најдобра можна медицинска нега и сигурност дека КОВИД-19 ќе се третира како професионална болест.
  • Безбеден персонал: Системот во здравството и социјалната грижа ширум Европа беа под голем притисок поради малиот број на работници уште пред пандемијата. На таков начин системот не е одржлив. Европската комисија пресмета дека ќе дојде до значителен недостаток во давање здравствена и социјална грижа во наредната деценија, доколку не се преземат соодветни мерки. Тоа значи дека е неопходно да се регрутираат и да се задржат поголем број на работници на тој начин што овој здравствен сектор ќе се направи привлечен, ќе се зголеми капацитетот во системот за образование и ќе се вршат обуки во областа на здравството и социјалната грижа, квалификувани млади работниците ќе бидат пријавени на неопределено работно време кои ќе работат во несигурни услови поради совладување на пандемијата.
  • Повисоки плати: регрутираниот персонал во здравството и социјалната грижа е отежнато поради долгогодишните проблеми со лошите услови и ниските плати. Неприфатливо е за оние кои се соочуваат со така озбилни ризици по своето здравје и оние кои се посветени на болните и старите лица бидат така слабо платени. Како работници во здравството и социјалната грижа, ние заслужуваме подобри плати и услови за работа која ја вршиме, а не само еднократни бонуси за борба против КОВИД-19. Зајакнување на колективното преговарање со што би се опфатиле повеќе работници е од клучно значење да се постигне ова.
  • Квалитетна грижа за сите: иако решавањето на овие предизвици е воглавном сведено на националниот систем за здравство и социјална грижа, ние треба да ја подобриме соработката, координацијата и поддршката на европско ниво. Ние бараме од ЕУ да допринесе за зголемување на безбедноста и спремност на работниците. Финансирање на програмата EU4health треба биде вратена со најмалку 9 милијарди евра а буџетот во владата во сите земји треба да реагираат на потребите на нашиот систем за здравство и социјална грижа.

Медицинските сестри, лекарите, болничарите, негувателките на стари и изнемоштени лица, работниците за домашна нега и другите работници кои се на првите борбени редови се мобилизираат низ целата Европа со своите барања за промена во секторот за здравство и социјална грижа. Како резултат од штедење и недоволно финансирање, нашите болници и старечки домови се на жалост неспремни за пандемијата. Не е време за штедење, дојде време да се сослушаат работниците во здравството и негата, оваа прилика не смееме да ја пропуштиме.

Време е да се инвестира во здравствена и социјална грижа

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk